Услуги

  • Item 18

    Телекомуникации, оптика

  • Item 10

    Надзор

  • Item 9

    Проектирање

  • Item 8

    Одржување на индустриски колосеци

Телекомуникации, оптика

ЈП за железничка инфраструктура Македонски железници Скопје поседува Интегрирана телекомуникациска мрежа за сопствени потреби и изнајмува за надворешни корисници дигитални линии на интегрирана телекомуникациска мрежа. Висината на цените за изнајмување на капацитетите е дадена во табелата повеќе преземи пдф филот.


ОДЛУКА
Се утврдува висина на цена за изнајмување на капацитети на дигитални линии на интегрирана телекомуникациска мрежа на ЈП за железничка инфраструктура Македонски Железници-Скопје и тоа како следи:

a). IP Metro Ethernet - Услуга, (повеќе во пдф филот)

b). Капацитети на SDH мрежа - Услуга, (повеќе во пдф филот)



Odlukaceni Преземи...

Надзор

Секторот за инвестиции, надзор и развој во рамките на своите надлежности ги извршува следните дејности:


- Надзор над изведување на градби по член 57 од Законот за градење (Службен весник бр. 130 од 28.10.2009 год.)

- Ревизија на проекти и технички решенија

- Издавање Мислење за реализација на градби во заштитен појас на железничка пруга

- Издавање Технички услови за реализација на градби во заштитен појас на железничката пруга, согласно со член 35 од Законот за железници Службен весник бр. 58 од 11.05.2007 год.) (

- Издавање Технички услови за реализација на градби од страна на правни или физички лица во заштитниот и во пружниот појас на железничката пруга, кои се изведуваат паралелно со пругата или поминуваат под трупот на пругата (оптички кабли, водоводни цевки, канализациони цевки, гасоводни цевки, цевки за термална вода, гасоводни цевки, телефонски и електрични водови)

- Надзор при изведба на градби од страна на правни или физички лица во заштитниот и во пружниот појас на железничката пруга, кои се изведуваат паралелно со пругата или поминуваат под трупот на пругата (оптички кабли, водоводни цевки, канализациони цевки, гасоводни цевки, цевки за термална вода, гасоводни цевки, телефонски и електрични водови)

- Обезбедување на затвор на пругата или воведување на бавно возење за реализација на градби во пружниот појас на железничката пруга од страна на правни или физички лица

- Издавање Мислење, Технички услови и Надзор при реконструкција и адаптација на објекти кои се издадени под закуп

- Проценка на вложени средства за реконструкција, адаптација и тековно одржување на објекти кои се издадени под закуп

Проектирање

Одделението за проектирање извршува проектантски работи за потребите на ЈП МЖ Инфраструктура, а во одредени случаи изработува документација и за надворешни инвеститори:


1. За ЈП МЖ Инфраструктура изработуваме инвестиционо - техничка документација за:

- Инвестиционо техничка документација на ниво претпроекти и идејни проекти за нови железнички пруги во рамките на мрежата на ЈП МЖ

- Основни проекти за ремонти и реконструкција на пругите во рамките на ЈП МЖ

- Основни проекти за изградба на нови и санација на постоечките станични објекти (станични згради, магацини и други постројки

- Основни проекти за санација на постоечки и изградба на нови објекти од долен строј на пругите (мостови, пропусти, потпорни ѕидови, санација на свлечишта и други)

2. За надворешни инвеститори, изработуваме и ги изведуваме следните проектни работи:

- Проекти за индустриски пруги и колосеци за надворешни корисници на железнички услуги, пред се за поголеми стопански субјекти со потреба од масовен транспорт

Одржување на индустриски колосеци

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје врши услуга: Одржување на индустриски колосеци


Нарачувачот на услугата е сопственик на индустрискиот колосек. Под редовно одржување на колосекот и постројките се подразбира регулирање на колосекот и свртниците по насока и нивелета, исправување ширина на колосекот и свртниците под размерник, одделна замена на прагови во колосек и свртници со обични и свртнички прагови само редовна работа, замена на ситен колосечен прибор, замена на застарениот материјал, замена на одделни колосечни свртнички елементи, одржување на горниот строј, одржување на електротехнички постројки, СС постројки и свртнички брави, лизгалки и сигнали со поединечна замена на одделни елементи. Обврските на вршителот, обврските на нарачувачот и останатите одредби се дефинираат во Договорот што го склучуваат вршителот и нарачувачот на услугата. Норма часот за одделни работи се пресметува согласно Нормативите од контниот план на вршителот на услугата - Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје

Документи

Контакт

ЈП МЖ Инфраструктура - Скопје „Железничка“ 50б MK 1000 Скопје Република Македонија
Тел.: +389 2 3116-773
Факс.: +389 2 2121-079
email: info@mzi.mk
email: it@mzi.mk