РНЕ
РНЕ - Европска Асоцијација на Управители на Инфраструктура. Во неа членуваат 38 европски УИ. Задачите на РНЕ ги вршат 5 постојани работни групи и некои ад хок проектни групи координирани од Заедничката Канцеларија со седиште во Виена. Целта на РНЕ е да ги поддржи железничките претпријатија во нивните меѓународни активности како во товарниот така и во патничкиот сообраќај. Во својата секојдневна работа РНЕ се стреми кон поедноставување, усогласување и оптимизирање на меѓународните железнички процеси, како што се: Возниот ред ширум Европа, заеднички маркетинг& продажни пристапи (вклучувајќи ги Објавите на мрежи), соработка меѓу УИ во полето на сообраќајот, размена на информации за реалното време на возот кога поминува граница и после-продажни услуги (поднесување извештаи).Во тек е прифаќањето на општите Европски услови за користење на инфраструктура изготвени од РНЕ и ЦИТ. МЖ Инфраструктура во 2010 година имаше статус кандидат во РНЕ, на крајот на годината требаше да се изјасни и да пополни апликација зе полноправно членство во Асоцијацијата. Тоа не е направено.