Параметри
Електрификација
Електрификација на мрежа
Железничката Инфраструктура во Република Македонија располага со 327 км електрифицирана пруга со колосеци, од кои 234 км главна пруга. Пругите на територија на МЖ се електрифицирани со Монофазен систем, со напон од 25kV и 50Hz.
Квалитетот на понудената електрична енергија се обезбедува со четири ЕВП –и: Миладиновци, Драчево, Згрополци и Милетково. Има и седум неутрални постројки, што овозможуваат селектирање на електрифицирани делови од пругата и обезбедување на минимум делови што можат да останат без напон, со активирање на постројките за секционирање во станиците.
Системот за далечинско управување Телекоманда на влеча овозможува целосен надзор и осигурување на секционирање. Овој систем врши контрола и управување на напонските состојби во сите делови на контактната мрежа од едно централно место. Сето тоа укажува на постојаната мобилност, обученост и квалитет на екипите од Подружницата ЕТП што ја одржуваат Контактната мрежа.
Последно изведена електрификација на пруга е делот од пругата Маџари – Скопје Југ како и станицата Скопје Југ.
Прегледот на електрифицирана мрежа е во Прилог 1, Карта бр. 10 на Објавата за 2011 година mreza na elektrifikacija Преземи...
Осигурување
Осигурување
При зголемена густина на железничкиот сообраќај и воведување на поголеми брзини на пругите, единствен начин за безбедно регулирање на сообраќајот и поголема пропустна моќ на станиците е постоењето на сигнално сигурносните уреди или СС – постројки. Во ЈП Македонски Железници Инфраструктура се имплементирани бројни СС – постројки од различни производители. Овие уреди овозможуваат централно поставување на свртниците и сигналите, безбеден превоз на патниците и робата, постојано следење на движењето на возовите и друго. За исправноста на овие уреди се грижи Одделението за сервисирање и регенерација на делови за СС - уреди Лабораторија во Подружницата ЕТП.
Постојат механички, електро механички и автоматски електро уреди за осигурување на СС – постројките.
На Коридор X има автоматски уреди за осигурување:
• Станици
• Автоматски пружен блок - АПБ
• Патни Премини - ПП
Останатите пруги (Велес – Битола и Скопје _ Кичево) се осигурани (поголем дел) со механички и електромеханички уреди а само станицата Битола и 10 патни пемини со автоматски СС – уреди. Пругата Скопје – Кичево е осигурана со механички СС – уреди и 12 ПП со автоматски уреди, додека станиците Гостивар, Зајас и Кичево со автоматски уреди. Пругата Велес – Кочани е комплетно осигурана со механички уреди.
Автоматските осигурувања на СС – уредите се од тип ISKRA и SIMENS.
Телекомандата е надградба на автоматските СС уреди за водење на сообраќајот (контрола и командување со СС – постројките) од едно централно место. Типот на телекомандата е ISKRA.
Брзини
Брзини на пругата
Прегледот на најголемите дозволени брзини на железничката мрежа е во Прилог 2, Табела бр. 1 на Објавата .
Наклони
НАКЛОН НА НИВЕЛЕТА (МЕРОДАВНИ НАКЛОНИ И ОТПОРИ НА ПРУГАТА)
Наклон на нивелета (меродавниот наклон на пругата) е надолжниот наклон на железничката пруга што се мери со тангенс на аголот спрема хоризонталата, се изразува во промили (‰) и претставува основа за пресметка на процентот на сопирање, односно потребната сопирачка маса на возовите на одредена железничка пруга или пружна делница.
Под меродавен отпор на пругата се подразбира големината на нејзиниот специфичен отпор покрај наклонот на нивелетата, свиокот и тунелот спрема кои се одредува масата на возот, односно влечната маса на локомотивата. Големината на отпорот на наклонот на нивелетата изразена во daN/t (вредност на декањутон по тон) е еднаква на големината на отпорот на наклонот во промили (‰). Прегледот на наклоните на нивелетите на железничките пруги е во Прилог 2, Табела бр. 3 на Објавата.
Пруги
Железничката мрежа е составена од едноколосечна пруга по која сообраќаат возови од двете насоки.
ШИРИНА НА КОЛОСЕКОТ
Ширината на колосекот на севкупната мрежа изнесува 1.435 мм.
СТАНИЦИ И ЈАЗЛИ
Имињата на службените места и нивната положба на мрежата, како и оддалеченоста изразена во метри помеѓу службените места се наоѓаат во прилозите 1 и 2, и тоа во Карта бр. 1 и табелите бр. 1 и 2 на Објавата.
СЛОБОДЕН ПРОФИЛ (ГАБАРИТ) НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА
Слободен профил е ограничен простор во напречен пресек нормален на средината на колосекот. Оската на слободниот профил стои нормално на правата која го допира горниот раб на возните шини и поминува низ средината на колосекот, односно на средината на растојанието меѓу возните шини.
Согласно со Објавата на UIC бр. 506, на мрежата на железничките пруги на Р. Македонија во примена се слободните профили: GA и GB Прегледот на слободните профили е прикажан во Прилог 1, Карта бр. 4 на Објавата.
Кодификација за комбиниран транспорт на пругите на железничката мрежа Поради различни превозни услови за стандардизирање на ITE, воведен е систем на кодификација на пругите за комбиниран превоз. Кодификацијата на ITE уредена е со Објавата на UIC бр. 596-6. Системот на кодификација на пругите за комбиниран превоз на железничката мрежа во Р. Македонија прикажан е во Прилог 1, Карта бр. 6 на Објавата.
ДОЗВОЛЕНИ ОПТОВАРУВАЊА
Согласно со објавата на UIC бр. 700, во зависност од способноста на пругата да поднесе оптоварување од возила, на железничката мрежа во употреба се различни дозволени оптоварувања изразени во тони по оска и во тони по должен метар. Маса (оптоварување) на возилото подолжен метар е масата на празно или на натоварено железничко возило поделена со должината на возилото во метри, мерена од челото до челото на незбиените одбивници (одбивни уреди), односно автоматски спојки искажана во KN по должен метар (10 KN= 1t).
Осно оптоварување е масата на празно или на натоварено железничко возило поделена со бројот на оските на возилото изразено во KN (10 KN= 1t). Прегледот на дозволени оптоварувања изразени во тони по оска и тони по должен метар се дадени во Прилог 1, Карта бр. 5 и Прилог 2, Табела бр. 1 на Објавата
Мрежа
ВОВЕД
Железничка мрежа е севкупната железничка инфраструктура со која управува управителот на инфраструктурата. Железничката инфраструктура е единствен техничко-технолошки систем од железнички пруги со горен и долен строј, колосеци, ранжирни станици, пружни објекти, железнички станици, објекти на електрична влеча на возовите, сигнално-сигурносни системи, комуникациски и информатички системи, згради, депоа и други градежни објекти на железничките станици кои се во функција на организираwе, регулираwе и одржуваwе на железничкиот сообраќај на инфраструктурата, земјиштето кое функционално и припа|а на пругата, службените места и објектите. Железничката инфраструктура како добро од општ интерес за Републиката е сопственост на Република Македонија и на неа не може да се стекнува право на сопственост. Информациите за железничката инфраструктура дадени во Објавата на мрежа се засновани врз основа на податоците добиени до 1.6.2011 година. Сите измени и дополнуваwа кои ќе произлезат по објавуваwето на Објавата, ќе бидат ажурирани во Објавата.
ОБЕМ НА РАСПОЛОЖЛИВАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА МРЕЖА
Должината на железничката мрежа изнесува 925 км. од кои:
-Отворена пруга 699 км;
-Станични колосеци 226 км;
-Индустриски колосеци 102 км.
Електрификувани се 312.66 км. железничка пруга со монофазен систем од 25 Кв, 50 Хз. Основните информации за мрежата на железничките пруги на територијата на Р. Македонија прикажани се во форма на карти, табели и слики, поместени во прилозите 1, 2 и 4 на Објавата.
Прегледот на паневропските коридори кои се нао|аат на железничката мрежа на Р. Македонија е прикажан во Прилог 1, Карта бр. 3 на Објавата.
ГРАНИЦИ
Бидејќи во Р. Македонија постои единствена национална железничка мрежа со која управува ЈП МЖ Инфраструктура-Скопје, под изразот граница се подразбираат сите државни граници кои воедно ги сочинуваат и железничките граници со соседните железнички мрежи. При преминуваwе на државните граници нема промена во ширината на колосекот, како и во видот на влечата.
ПРИКЛУЧНИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ МРЕЖИ
Железничката мрежа на Р. Македонија е поврзана со железничките мрежи на Р. Србија, Р. Грција и Р. Косово.



