Пруги

Железничката мрежа е составена од едноколосечна пруга по која сообраќаат возови од двете насоки.

ШИРИНА НА КОЛОСЕКОТ

Ширината на колосекот на севкупната мрежа изнесува 1.435 мм.

СТАНИЦИ И ЈАЗЛИ

Имињата на службените места и нивната положба на мрежата, како и оддалеченоста изразена во метри помеѓу службените места се наоѓаат во прилозите 1 и 2, и тоа во Карта бр. 1 и табелите бр. 1 и 2 на Објавата.

СЛОБОДЕН ПРОФИЛ (ГАБАРИТ) НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА

Слободен профил е ограничен простор во напречен пресек нормален на средината на колосекот. Оската на слободниот профил стои нормално на правата која го допира горниот раб на возните шини и поминува низ средината на колосекот, односно на средината на растојанието меѓу возните шини.

Согласно со Објавата на UIC бр. 506, на мрежата на железничките пруги на Р. Македонија во примена се слободните профили: GA и GB Прегледот на слободните профили е прикажан во Прилог 1, Карта бр. 4 на Објавата.

Кодификација за комбиниран транспорт на пругите на железничката мрежа Поради различни превозни услови за стандардизирање на ITE, воведен е систем на кодификација на пругите за комбиниран превоз. Кодификацијата на ITE уредена е со Објавата на UIC бр. 596-6. Системот на кодификација на пругите за комбиниран превоз на железничката мрежа во Р. Македонија прикажан е во Прилог 1, Карта бр. 6 на Објавата.

ДОЗВОЛЕНИ ОПТОВАРУВАЊА

Согласно со објавата на UIC бр. 700, во зависност од способноста на пругата да поднесе оптоварување од возила, на железничката мрежа во употреба се различни дозволени оптоварувања изразени во тони по оска и во тони по должен метар. Маса (оптоварување) на возилото подолжен метар е масата на празно или на натоварено железничко возило поделена со должината на возилото во метри, мерена од челото до челото на незбиените одбивници (одбивни уреди), односно автоматски спојки искажана во KN по должен метар (10 KN= 1t).

Осно оптоварување е масата на празно или на натоварено железничко возило поделена со бројот на оските на возилото изразено во KN (10 KN= 1t). Прегледот на дозволени оптоварувања изразени во тони по оска и тони по должен метар се дадени во Прилог 1, Карта бр. 5 и Прилог 2, Табела бр. 1 на Објавата



Карта бр. 5 Преземи...
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG