У П А Т С Т В О за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес

У П А Т С Т В О

за забрана за користење на движни и недвижни ствари

во државна сопственост за време на изборен процес


Член 1

Со ова упатство се утврдуваат насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државна управа и управни организации (во натамошниот текст: државните органи), во врска со користењето на движните и недвижните ствари во државна сопственост кои се наменети за вршење на работите од нивна надлежност утврдена со закон за време на спроведување на парламентарни, претседателски и локални избори од денот на нивното распишување па се до нивното завршување согласно закон (во натамошниот текст: изборниот процес).


Член 2

Недвижни ствари, во смисла на ова упатство, се: згради, канцелариски и други простории и други објекти што се користат од страна на државните органи за извршување на работите од нивна надлежност утврдена со закон во земјата и странство.


Движни ствари, во смисла на ова упатство, се: службени возила, информатичка опрема, службени фиксни и мобилни телефони и телефакс, интернет врски, канцелариска опрема и потрошен канцелариски материјал и средства од репрезентација.


Член 3

За време на изборниот процес за потребите на изборната кампања во канцелариите во државните органи не може да се одржуваат состаноци и средби во функција на спроведување на изборната кампања и не може во истите да се вршат никакви директни или индиректни активности што се во врска со изборниот процес.


Член 4

За потребите на изборната кампања во изборниот процес, работните простории кои се наоѓаат во објекти на државните органи не можат да се користат за преземање на било какви активности во врска со изборниот процес.


По исклучок од став 1 на овој член, а само во случај ако во местото не постојат никакви други соодветни простории за потребите на изборната кампања, просториите од ставот 1 на овој член ќе можат да се користат за потребите на изборната кампања, но само по претходно добиена дозвола од одговорното раководно лице на органот, но под еднакви услови за сите учесници во изборната кампања.




Член 5

За време на изборниот процес за потребите на изборната кампања, движните ствари кои ги користат државните органи кои се наменети за вршење на работите од нивна надлежност утврдена со закон не можат да се користат за преземање на било какви активности при спроведување на изборниот процес и тоа:

-да се користат службени фиксни и мобилни телефони и телефакс;

-да се користат службени: компјутери, преносни компјутери, интернет врски, интернет адреси и веб страници;

-да се печатат и умножуваат материјали поврзани со изборниот процес со користење на потрошен канцелариски материјал (хартија, тонери и сл.);

-да се дава на користење или да се отстапува потрошен канцелариски материјал (хартија, тонери и сл.);

-да се врши превоз на материјали потребни за изборната кампања со службени возила;

-да се врши превоз на лица со службени возила освен за лица на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста;

-да се дава храна, пијалоци и средства за хигиена од средствата за репрезентацијата на државните органи за потребите на изборната кампања.


Член 6

Од страна на функционерите кои раководат со државните органи се следи спроведувањето на ова упатство и се врши контрола за преземање на активности спротивно на ова упатство.


Во случај на непостапување и неспроведување на насоките утврдени со ова упатство од страна на функционерите кои раководат со државните органи и вработените во државните органи, тоа може да преставува основ за преземање на мерки, санкции и казни утврдени со закон за такви случаи.


Член 7

Ова упатство соодветно ќе се применува и на јавните претпријатија, јавните установи и други правни лица основани од државата.


Член 8

Ова упатство влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.


Бр. 44-5767/1

12 септември 2017 година

Скопје

ЗАМЕНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


м-р Радмила Шекеринска-Јанковска



ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG