Македонија и Бугарија, железнички ќе се поврзат во 2020 година

Железничкото поврзување и определување на спојните точки меѓу Македонија и Бугарија, интензивирање на соработкаката на железничките компании, како и размена на искуства и размена на експертски тимови  беа само дел од темите за кои разговараа директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура, Ирфан Асани со директорот на бугарската национална железничка инфраструктурна компанија Милчо Ламбрев, на средбата која се одржа во Скопје.

Во текот на средбата, Асани го информираше директорот на бугарската железничка компанија дека градежните работи и проектите поврзани за железничко поврзување меѓу двете држави се во тек, и најдоцна до 2020 се очекува Македонија и Бугарија. железнички да се поврзат.

“ Ако се оди според планот за четри години е предвидено  да завршат сите градежни работи на пругата кон Бугарија и во 2020 година Скопје и Софија ќе се поврзат и по железнички пат”  рече Асани на средбата со директорот на инфраструкрната железничка компанија на Бугарија Ламбрев.

Според Ламбрев, бугарските железници моментално проектираат нови траси на железничката линија кон Македонија.

 “ Ние ќе ги завршиме градежните работи до 2020 година, и како компанија сме подготвени железнички да се поврзиме и преку старата траса, иако паралелно ја градиме и новата траса кон границата со Македонија“, рече Ламбрев.

Директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура Ирфан Асани на оваа средба својот бугарски колега го информираше и за моменталните активности кои се одвиваат на Коридорот 8, односно железничкото поврзување со Албаниаја каде што 50 % од главниот проект е веќе направен .

Следната средба на двајцата директори ќе биде во Софија а главна цел ќе биде подобра координација меѓу двете железнички компании.

ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG