Асани со нов четиригодишен мандат во ЈП МЖ Инфраструктура
На последната седница на управниод одбор на Јавното претпријатие Македонски Железници-Инфраструктура, Ирфан Асани ја доби довербата да биде директор и во наредните четири години. 
Асани во првиот четири годишен мандат со големи напори и работа успеа да ги реши поголемите проблеми кои ги затекна кога беше именуван како директор на ЈП МЖ Инфраструктура,  како што беа нередовното плаќање на платите на вработените, кражбите по пругите како и долговите кон други компании кои сега се минимални или се испплатени во целост. 

Асани за четири години ја подигна сигурноста на железничкиот сообраќај.   Со доаѓање на директорот Асани на челната позиција  во ЈП МЖ Инфраструктура почнаа  градежните работи кои се одвиваат интензивно за рехабилитација на постоечката железничка инфраструктурата на Коридорот 10. 

Најголема заслуга на Асани во првиот мандат како директор на ЈП МЖ Инфраструктура  е надминување на проблемите со 40 критични места таканаречени  “црни точки” каде поради проблеми со пругата возовите мораа да возат со намалена брзина дури и со 30 километри на час.

Покрај тоа беа реконструирани повеќе од најголемиот дел на железнички мостови кај кои заради трулост на праговите мораше возовите да возат со намалена брзина по што се овозможи да се вози со проектираната брзина.

Истотака почнаа активностите за изградба на двата дела од Коридорот 8 со што Македонија железнички би се поврзала со Бугарија и Албанија.

Едниот дел ја вклучува делницата Куманово-Белјаковце-Крива Паланка-граница со Бугарија, а другиот дел продолжување на Кридор 8 од Кичево до Лин, граница со Албанија.

За таа цел реализирани се многу средби на ниво на држави со желeзничките компании и ресорните министерства на Бугарија, Македонија  и Албанија, при што заеднички е одлучено да се стави во функција овој Коридор. 

По многу процедури почнаа  работите на делот Куманово-Белјаковце финансиран од ЕБОР.

Предизвик за директорот Асани во наредниот четири годишен мандат останува и ќе биде железничкото поврзување кон Албаниаја, поврзување без кое од друга страна Коридорот 8 не би бил целосен. 

Со железникото поврзување на трите земју би се остварило стрстратешко поврзување на пристаништата од Црно море и Јадранско море.

Токму за таа цел преку ИПА компонентата веќе се финансира изработка на главниот изведбен проект за делницата Кичево-Лин кој го изработува конзорциумот кои го сочинуваат шпанската фирма „Типса“ и француската „Луи Берже“.

Нормално во меѓувреме активно учествуваме во разговори за финансирање оваа делница како и за преостанатата делница од пругата кон Бугарија.

Нашите очекувања се дека најдоцна во 2022 година да имаме воз на релација Софија-Скопје- Тирана.  
ИНФО
Информации за цената на железничките карти може да се добие на адреса:
е-маил: mztransportad@mt.net.mk
Телефон: 2449-212
ПАРТНЕРИ
EUROFIMA
RNE
UIC
CER
SERG