УИЦ

УИЦ - е меѓународна Унија на железничкиот сектор. Во неа членуваат 196 земји. Членки можат да бидат интегрални железнички компании, управители на инфраструктура, транспортни претпријатија. Членството во УИЦ дава светско признавање и можност за средби, дискусии, студии, споделувања, развој, соработка и поврзување со железници и други железнички тела, луѓе и институции. УИЦ го промовира железничкиот сообраќај на светско ниво. Таа ја олеснува размената на најдобрите искуства меѓу членките, ги поддржува членките во нивните напори за развој на работењето, предлага нови начини за подобрување на техничките перформанси, го промовира интероперабилитетот, создава нови светски стандарди за железниците . Главната задача на УИЦ е да ги подобрува условите на железничката изградба и железничкиот сообраќај. Според најновата реконструкција, УИЦ се состои од 6 региони: Европа, Азија, Северна Америка, Латинска Америка, Африка и Среден Исток. Секој Регион си има регионални собранија, а сите го формираат генералното собрание на УИЦ. Претседател на УИЦ е Г.Ишида, а генерален директор на Генералната дирекција со седиште во Париз е Г. Жан Лубину. Активности на УИЦ: Железнички систем, Товарен сообраќај, патнички сообраќај, Технологија и истражување, Сигурност, Бебедност, Животна средина. Во сите тие активности УИЦ реализира проекти . Од областа на ИНфраструктура поважни се проектите за ЕРТМС, ГСМ-Р, Адаптирање на железничката инфраструктура на климатските промени, База на податоци за Сигурност итн. Во контекст на својата примарна мисија на стандардизација и подобрување на условите на железничкото работење во поглед на меѓународниот сообраќај, УИЦ развива мерки, спецификации и препораки со цел да да се олесни меѓународниот железнички сообраќај објавувајќи фиши (објави). УИЦ фишите се професионални документи чијашто примена на некои е задолжителна или препорачлива. Фишите се применуваат согласно нивната содржина од УИ, ЖП,индустрија итн. Мерките што тие ги содржат се најчесто интегрирани во националните стандарди, европските стандарди, јавните повици за набавка на железничка опрема. Тие содржат технички услови кои мора да се почитуваат за олеснување на размената на опрема меѓу железниците како што е пограничниот сообраќај.УИЦ објавува и многу други технички и истражувачки извештаи. Меѓу членките на УИЦ е и МЖ Инфраструктура. УИЦ кодот на МЖ Инфраструктура е 0065. Минатата година, нашето претпијатие ја промени категоријата на членство во УИЦ од активна членка премина на асоцијативна членка, со цел да се намали чланарината. МЖ Инфраструктура како асоцијативна членка може да учествува на генералното собрание на УИЦ кое с е одржува двапати годишно, на регионалното собрание Европа, да учествуваат на Платформи, Форуми , работни групи како и на други настани организирани од УИЦ како што се семинари, конференции и секако има пристап до УИЦ публикациите. Разликата меѓу активна и асоцијативна членка е тоа што автоматски нашето претпријатие не учествува во проекти, доколку сака да учествува треба да поднесе барање.

Partnerët

Dokumentet

Kontakt

JP IHM - Shkup „Zeleznicka“ 50б MK 1000 Shkup Republika e Maqedonisë
Tel: +389 (2) 3227 903
Faks: +389 (2) 2462 330
email: info@mzi.mk
email: it@mzi.mk